Продолжува судскиот процес за насилствата пред општина Центар | Правдико

Правдико

   

Продолжува судскиот процес за насилствата пред Општина Центар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот процес за нарачување и извршување на насилство во Општина Центар треба да продолжи во петок.

Во предметот се обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството.

Првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова.

Груевски, според обвинението, е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.

На минатото рочиште, судечката судујка Татјана Михајлова го прекина рочиштето, откако ги казни обвинителките од Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2.000 евра поради „елементарно непочитување на судот“. Фетаи и Јанева ја обвинија судијката за фалсификување на записникот од претходното рочиште.

Неделава судијката Михајлова, која ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје поднесе неотповиклива оставка од позицијата до Судскиот совет.

Советот на јавни обвинители побара обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи да бидат тргнати од овој случај заради непочитување на судот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико