Продолжуваат обуките од областа на форензиката во организација на Адвокатската комора на РМ и ЗJOM | Правдико

Правдико

   

Продолжуваат обуките од областа на форензиката во организација на Адвокатската комора на РМ и ЗJOM

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на РМ во соработка со Здружението на јавните обвинители на РМ продолжува со реализација на обуки од областа на форензиката.

Следната обука ќе се одржи  на 24 март 2017 година (петок) од 14:00 часот до 17.00 часот, во канцеларијата на Адвокатската комора на РМ во Апелациониот суд Скопје.

Предавач на обуката ќе биде доц. д-р Слободан Оклевски, началник на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења.

Целта на обуката е адвокатите и јавнообвинителските службеници  да се здобијат со потребни знаења и искуства од областа на форензичките техники и новини.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk. Бројот на учесници на една обука е ограничен и тие ќе ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико