Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 до 30 април 2020 година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата на Република Северна Македонија предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување на обрасци и плаќање на даночни обврски.
Согласно ова крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за 5 (пет) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година.