Проекти од повеќе министерства ќе се разгледуваат на првата владина седница за оваа година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На првата владина седница во 2019 година на дневен ред се предлог-програми за реализација на крупни проекти на речиси сите министерства, соопшти владината прес-служба.
На 114. седница пред министрите ќе се најде предлог-програмата за работа на Владата на Република Македонија во 2019 година.
Денеска Владата ќе ја разгледа информацијата за годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2019 година, со предлог-одлука.
Министерството за здравство за денешната седница предлага дваесетина предлог-програми за претстојната година. Дел од нив се предлог-програма за задолжително здравствено осигурување на државјаните на Република Македонија, за систематски прегледи на учениците и студентите, понатаму предлог-програма за Здравје за сите, за лекување ретки болести, за задолжителна имунизација, за трансплантација, за рана детекција на малигни болести итн.
На предлог на Министерството за образование и наука на дневен ред се предлог-програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, како и предлог-програмите за остварување и развој на дејноста во ученичкиот и студентскиот стандард за 2019 година.
Владата на 114. седница ќе одлучува за предлог-годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2019 година.
На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство, дел од владината седница е предлог-програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019 година.
Дел од денешната седница се и предлог-програмата за инвестирање во животната средина за претстојната година, како и предлог-програмата за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.
Извор: Макфакс