Прогласена независна Република Доњецк | Правдико

Правдико

   

Прогласена независна Република Доњецк

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Проруските активисти кои ја имаат окупирано зградата на управата во украински Доњецк, прогласија независна Република Доњецк. До 11 мај треба да се одржи референдум за тоа прашање, најавуваат тие.

0,,17547442_303,00

Проруските демонстранти во Доњецк од Русија бараат испраќање „мировни сили“ во случај на „украинска агресија“. Од вчерашниот собир на активистите во Доњецк, на Јутјуб е објавена видео снимка. На новинарите не им беше дозволен пристап во салата на управната зграда. На видео снимката е прикажан еден активист кој стоејќи на подиум извикува: „Прогласувам основање на независна држава Народна Република Доњецк“.

Украинскиот преоден премиер Арсениј Јацењук ја обвини Русија дека стои зад безредијата во источниот дел на Украина. Тие се „дел од планот за дестабилизација, за странска армија да ја мине границата и да влезе на украинска територија“, изјави Јацењук по седницата на Владата во Киев. „Сценариото е напишано од страна на Руската Федерација, а единствената цел е распарчување на Украина“, рече Јацењук.

Претходно, украинскиот преоден министер за внатрешни работи Арсен Аваков соопшти дека управната зграда во Харков е „целосно ослободена од сепаратисти“. Тој во својата порака на Фејсбук им се заблагодари на сите поддржувачи, без да наведе дали при протерувањето на проруските демонстранти од зградата било употребено насилство, или тие доброволно се повлекле.

Вчера (6.04) проруски демонстранти зазедоа три управни згради во источниот дел на Украина. Тие влегоа во управата во Харков и Доњецк, каде на покривот закачија руско знаме, додека пак во Луганск нападнаа објект на тајната служба и бараа ослободување на истомислениците, кои беа уапсени на претходни собири.

Во источна Украина има голем број проруски настроени граѓани. Во регионот постојано доаѓа до немири. Дел од демонстрантите бараат одржување референдум по урнекот на Крим.

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико