Промоција на „Прирачникот за европското законодавство за заштита на податоците". | Правдико

Правдико

   

Промоција на „Прирачникот за европското законодавство за заштита на податоците”.

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

law-school1Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”, Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Народниот правобранител на Република Македонија и Адвокатската комора на Република Македонија, на 6 мај (петок) 2016 година, од 11:00 до 13:00 часот, во хотел „Арка” во Скопје, во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) ќе го претстават преводот на македонски јазик на публикацијата „Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците”.

На промоцијата свое излагање поврзано со содржината на прирачникот ќе имаат: д-р Мирјана Лазарова-Трајковска, судија во Европскиот суд за човекови права и г. Холгер Хембах, адвокат од СР Германија.

Настанот ќе биде отворен со поздравен говор на: д-р Штефан Пирнер, адвокат, регионален проектен раководител при ИРЗ за Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик народен правобранител на Република Македонија, г. Никола Додевски, претседател на Адвокатската комора на Република Македонија, г. Костадин Богданов, владин агент и директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред ЕСЧП и г-ѓа Анета Арнаудовска, судија, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”. Воедно, поздравно обраќање до присутните ќе има заменик амбасадор на Сојузна Република Германија во Македонија, г.  Ханс-Хелге Зандер.

Издавањето на Прирачникот е дел од активностите на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), кои од 2000 година се спроведуваат во соработка со Влада на СР Германија и со средства на германското Министерство за надворешни работи од германскиот придонес кон Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

Препорачуваме

Партнери на Правдико