Промоција на публикации за заштита и спречување од дискриминација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 28 октомври 2015 година (среда), во просториите на Академијата со почеток во 11:00 часот, организираат Промоција на публикациите: „Пресуди во врска со дискриминација од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската Унија“ и „Практикум на Законот за заштита и спречување од дискриминација“.
На промоцијата ќе присуствуваат претседатели на судови, судии, јавни обвинители, адвокати, претставници од домашни и меѓународни институции, организации и проекти од областа на правосудството со кои Академијата има повеќегодишна успешна соработка, претставници на Комисијата за заштита од дискриминација и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Со воведно обраќање до присутните настанот ќе го отворат: м-р Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“; амбасадор Nina Suomalainen, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и г. Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.
Публикациите ќе ги презентира г. Атанас Георгиевски, адвокат.
Програмата согласно која ќе се одвива настанот можете да ја преземете ТУКА