Промоција на публикација “водич за право на слобода и на безбедност“ и “извештај од истражувањето – позитивни обврски за земјите – членки според членот 10 за заштита на новинарите и за спречување на неказнивоста“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатската комора на РМ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на РМ, Народното правобранителство на РМ и претставништвото на ИРЗ во Македонија организираат заеднички настан т.е промоција на преводот на македонски јазик на публикацијата “Водич за членот 5 – право на слобода и на безбедност“ и “Извештај од истражувањето – позитивни обврски за земјите – членки според членот 10 за заштита на новинарите и за спречување на неказнивоста“.
Промоцијата на публикациите ќе се одржи на 24 Октомври 2014 година во Конгресниот центар на Скопски саем во Скопје, со почеток од 12:00 часот.
Сите колеги кои се заинтересирани и имаат желба да присуствуваат на промоцијата, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 23 Октомври 2014 година.
Извор: Адвокатска комора на РМ