Пронајден осомничениот за убиството во Охрид | Правдико

Правдико

   

Пронајден осомничениот за убиството во Охрид

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во координирана акција на надлежните органи, лоцирано беше лицето кое е осомничено за извршеното Разбојништво со смртни последици, кое се случи во Охрид на 20 февруари. Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е  преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично правниот настан.

Осомничениот кој потекнува од Куманово, во моментот на разбојништвото живеел во иста станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. По извршеното разбојништво, осомничениот заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државата.

Основното јавно обвинителство Охрид ги презема сите потребни дејствија за кои јавноста благовремено ќе биде информирана.

Препорачуваме

Партнери на Правдико