Пронајден полуавтоматски пиштол, истрага против лице претходно осудувано за учество во странска војска | Правдико

Правдико

   

Пронајден полуавтоматски пиштол, истрага против лице претходно осудувано за учество во странска војска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 5 ноември, како сопатник во автомобил на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел полуавтоматско огнено оружје – пиштол „Токарев Т33“ со калибар 7,62Х25 мм, со една рамка и шест куршуми. Пиштолот го поседувал без довзола.

Особено имајќи го предвид фактот дека се работи за лице претходно осудувано за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации согласно член 322-а од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител нареди детален претрес на неговиот дом и одземање на електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење. Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Партнери на Правдико