Правдико

   

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е изгубен. Телефонот бил пронајден кај друго лице кое рекло дека го добило на подарок.

„Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По што, со наредба на судија на претходна постапка, телефонот е одземен. При тоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок“, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Мобилниот телефон ќе биде предаден на вештачење, а истовремено oбвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на СЈО.

Вчера во рамки на истрагата за противзаконито влијание и перење пари, Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на Јанева кој ѝ беше одземен за да се испита евентуална поврзаност на специјалната обвинителка во случајот „Рекет“ во кој се осомничени Зоран Милевски – Кичеец и Бојан Јовановски – Боки 13. И двајцата се во притвор од минатиот понеделник, 15 јули.

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико