Пронајдена дрога кај две лица од скопско Арачиново | Правдико

Правдико

   

Пронајдена дрога кај две лица од скопско Арачиново

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопската полиција во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје извршила претрес на дом и други простории во скопското село Арачиново, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Како што стои во соопштението на ОЈО-Скопје, во текот на вчерашниот ден по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на издадена наредба за претрес, извршен бил претрес во домот и другите помошни простории кај две лица, при што биле пронајдени различни пакувања со околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги.

По наредба на надлежен јавен обвинител, пронајдените материи биле предадени на вештачење на одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР, се наведува во соопштението.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико