Пронајдени 100.000 швајцарски франци во автобус на Деве Баир, возачот ги криел во џебот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир царинските инспектори пронајдоа 100.000 швајцарски франци.
Според информациите на Царинската урава, на ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки на превозникот „Експрес туризам“ од Гостивар, управувано од лицето Х. О., државјанин на Р. Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул.
При извршена детаљна контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиени со црн најлон и селотејп, во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.
Парите се одземени, а против пријавеното лице ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка до Основниод суд во Крива Паланка.
Извор: Макфакс