Пронајдени 170 килограми кокаин во Црното Море
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Црното Море, во близина на градот Шабл, кај границата со Бугарија и Романија, беа пронајдени шест пакети со 170 килограми кокаин, рече министерот за внатрешни работи на Бугарија, Младен Маринов.
Кокаинот бил завиткан во водоотпорни пакети сместени во спасувачки појас, објави БТА.
Бугарските и романските власти работат на случајот од 5 април, а агенцијата вели дека поголемо количество кокаин е пронајден и во Романија.
Полицискиот надзор во областа Шабл е зајакнат.
Извор: Макфакс