Пронајдени 60 килограми марихуана на патот Струга-Охрид
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На стариот пат Охрид – Струга, во близина на мостот на реката Сатеска, биле пронајдени 59 пакувања со вкупна тежина од 60 килограми опојна дрога марихуана.
Опојната дрога била ставена во пет торби, а била пронајдена од полициски службеници од СВР Охрид и Криминалистичката полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи при Министерството за внатрешни работи.
Полициските службеници пронашле и едно пакување со кафеава прашеста материја, која заедно со другите биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија презема мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.
Извор: Макфакс