Правдико

   

Пронајдениот двојник му донесе слобода по 17 години во затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ричард Ентони Џонс од Канзас сити, САД, беше пуштен на слобода по 17 години поминати во затвор, кога сведоците признале дека не можеле да го разликуваат од неговиот двојник, пишува британски „Индепендент“. Џонс бил осуден за оружен грабеж во 1999 година, врз основа на исказите на сведоци кои го идентификувале.

Но, двајца сведоци, како и наводната жртва на грабежот, сега тврдат дека не можеле да го разликуваат од локален жител познат како Рики. Судот го нареди пуштањето на Џонс на слобода, минатиот вторник.

Џонс, кој претходно неколку пати се жалел на затворската пресуда, дознал за постоењето на двојник од останатите затвореници. Тој потоа го пренел неговото сознание на организација која се залага за слобода за неправедно осудени затвореници, која му помогнала да вложи нова жалба.

Адвокатите набргу откриле дека Рики живеел во близина на маркетот кој бил ограбен. На сослушувањето на Џонс, од двајца сведоци и од обвинителот било побарано да го посочат обвинетиот, меѓу неколку фотографии на кои биле прикажани мажи кои наликувале на него, што тие не можеле да го сторат.

Џонс своевремено бил идентификуван од еден сведок, за кој постоело сомнение дека бил под дејство на дрога, преку фотографија која му ја покажала полицијата. Тој бил осуден иако не постоеле физички докази кои го поврзуваат со грабежот.

Џонс, кој повторно е со своето семејство, го опиша пронаоѓањето на двојникот како „пронаоѓање на игла во стог сено“.

Полицијата не покрена обвинение против двојникот во случајот за грабежот.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико