Пронајдено 16 годишно момче со прострелна рана | Правдико

Правдико

   

Пронајдено 16 годишно момче со прострелна рана

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

полицијаНа 29.09.2015 година во ПО Групчин С.С.(44) од с.Групчин пријавил дека 18,00 часот, преку негов близок родина, пријавил дека во нива во месноста „Чешма“, што се наоѓа над ова тетовско село, го пронашол починат неговиот 16-годишен син со една влезна рана од огнено оружје, најверојатно пиштол, во левиот дел од градите.

Веднаш бил повикан лекар кој ја констатирал смртта.Набрзо по пријавувањето, Ј.О, увидна екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид.

На местото на настанот пронајдено е безживотното тело на малолетникот покрај кој се наоѓал пиштол „Берета“ калибар 9 милиметри, неколку неиспукани куршуми од ист калибар во цевката и шаржерот на пиштолот и една испукана чаура.Покрај тоа, пронајдени и подигнати за вештачење се и други траги, а по наредба на Ј.О. телото на починатиот е дадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Партнери на Правдико