Проруската „Согласност“ победи на изборите во Летонија, но нема да ја има власта | Правдико

Правдико

   

Проруската „Согласност“ победи на изборите во Летонија, но нема да ја има власта

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Партијата на руското малцинство победи на парламентарните избори во Летонија и покрај доминантното антируско расположение во земјата заради украинската криза, но не успеа да им ја одземе власта на партиите од владеачката десноцентристичка коалиција.

Ballot are seen in a ballot box during Latvia's parliamentary elections in Riga

Целосните официјални резултати покажуваат дека Социјалдемократската партија на руското население во земјата „Согласност“, освоила 23,13 проценти од гласовите и дека ќе има 24 пратеника во 100-члениот Сејм. На изборите во 2011 година оваа партија освои 31 место.

Најголемата партија во влеачката коалиција, десноцентристичката „Единство“ на премиерот Лајмота Страјума е втора со 21,76 проценти или 23 мандати во еднодомниот Парламент. Нејзините партнери, Унијата „Зелени и фармери“ и Национално обединување „Се` за Летонија – Татковина и слобода“ (ДННЛ), освоија 21 односно 17 места во Сејмот.

Тоа значи дека владеачката коалиција ќе има стабилно мнозинство од 61 мандат во Парламентот.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико