Проруските сепаратисти не се откажуваат од референдумот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Проруските сепаратисти во источна Украина го отфрлија повикот на рускиот претседател Путин за одложување на референдумот закажан за в недела. ЕК е загрижена од продлабочување на кризата
Проруските сепаратисти во Источна Украина денеска објавија дека нема да го одложат референдум за независност закажан за во недела. Советот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ денеска донесе одлука да не се одлага референдумот за независност на регионот, наспроти повикот на рускиот претседател Владимир Путин.
– Референдумот ќе се одржи на 11 мај, изјави еден од членовите на Советот, Мирослав Руденко. Путин по вчерашниот состанок со претседателот на ОБСЕ Дидие Буркхалтер ги повика проруските сепаратисти да го одложат референдумот.
Официјална Москва соопшти дека очекува повеќе информации пред да ја коментира одлуката на сепаратистите. Портпарол на ЕК во Брисел оцени дека ваквата одлука само ќе ја влоши кризата во источна Украина.
Во меѓувреме, премиерот на Украина, Арсениј Јацењук во обраќање до украинскиот народ вети пренесување на овластувањето на општинските совети околу прогласувањето на рускиот и други јазици за официјални на својата територија. Како што јави ИТАР-ТАСС, во обраќањето Јацењук наведе дека ќе предложи ваква измена да биде внесена во Уставот, чии реформи претстојат. Украинскиот јазик сепак ќе го задржи статусот како единствен државен јазик.
Извор: DW