Правдико

   

Просечна месечна исплатена нето-плата во јануари изнесувала 21.828 денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

denari-486x272Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, изнесува 102.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (8.4%), Уметност, забава и рекреација (6.7%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6.1%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (18.2%), Земјоделство, шумарство и рибарство (7.7%) и Преработувачка индустрија (7.1%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2015, изнесува 21 828 денари.

Во јануари 2015 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Партнери на Правдико