Просечна нето-плата по вработен изнесува 22 460 денари | Правдико

Правдико

   

Просечна нето-плата по вработен изнесува 22 460 денари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pari denariСпоред податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 101.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Градежништво (6.5%), Административни и помошни услужни дејности (5.8%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.7%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (4.5%), Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна (4.2%) и Рударство и вадење на камен (3.6%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2016, изнесува 22 460 денари.
Во октомври 2016 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико