Просечна оценка од 4,29 за Македонија во извештајот на Фридом Хаус | Правдико

Правдико

   

Просечна оценка од 4,29 за Македонија во извештајот на Фридом Хаус

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американската организација Фридом Хаус, во својот најнов извештај за земјите во транзиција во делот за Македонија се насочува на аферата прислушкување од 2015 година и врз основа на нејзините наводи констатира назадување на демократијата во Македонија во повеќе категории.

2AF41B9628776F4F8C687136736112D4

Според извештајот на Фридом Хаус, тврдењата на опозициската партија СДСМ, врз основа на снимените материјали кои таа ги дистрибуираше минатата година, посочуваат на назадување во категориите кои се однесуваат на изборните процеси, демократското управување, независните медиуми, судството и корупцијата, додека подобрување е нотирано во секторот граѓанско општество, поради протестите и активизмот на невладините организации. Извештајот на Фридом Хаус, кој ги покрива земјите од Балканот, средна Европа, Русија и средна Азија, нотира назадување на демократските стандарди во сите региони, поради пропустите во политиката на Европската Унија кон Балканот, загрозувањето на стабилноста на регионот поради бегалската криза и од падот на цените на нафтата што влијае врз Русија и средноазискиот регион.

– Демократското управување во Македонија продолжи да назадува во 2015 година, кога земјата ја претрпе најтешката политичка криза од 2001 година. Од февруари до јуни опозицискиот Социјал-Демократски Сојуз на Македонија објави 38 сетови на прислушкувани разговори за кои тврди дека откриваат директна вмешаност на високи владини функционери во корупција и криминални активности. Политичкиот простор и граѓанското општество се поларизираат веќе една декада, при што популистичка владејачка елита доминира над слабо организиранат политичка опозиција и ги отстранува контролните механизми во полза на силна извршна власт, што доведе до крах на политичкиот дијалог во 2014 година, пишува во извештајот.

Просечната оценка за Македонија за 2015 година изнесува 4,29, пад одоценката од 4,07 која Македонија ја имала во претходниот извештај.

Критиките за назадување на Македонија во сите области кои се покриени со извештајот се базираат на снимените материјали кои ги дистрибуираше СДСМ. Според Фридом Хаус, предвремените избори кои се подготвуват ќе доведат до нова изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ, која има поголема поддршка во јавноста од СДСМ, и останување на Никола Груевски на власт. Извештајот оценува дека капацитетот на Европската Унија да врши притисок врз Македонија е ограничен поради спорот за името, кој ја оневозможува ЕУ да понуди отворање на преговорите за членство како политичка алатка.

Извештајот содржи бројни критики насочени кон земјите од Балканот,
како Србија и Црна Гора кои Фридом Хаус ги вбрјува во категоријата на земји со слични политички трендови како Македонија, но и за земјите од средна Европа како Полска, Чешка и Словачка, за чии лидери се вели дека ги следат политиките на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Извештајот оценува дека мигрантската криза довела до отворено „ширење на ксенофобична реторика и јавна поддршка за надминување на политичката коректност и кревање на погранични огради”. За третата група земји опфатени во извештајот – Русија и средноазиските држави, Фридом Хаус оценува дека се зафатени од економска криза поради падот на цената на нафтата која е еден од нивните главни извори на приходи.

За Украина, извештајот оценува дека помошта од Европската Унија и САД што оваа земја ја добива ќе продолжи да биде условена со спроведувањето реформи, и се поздравува распоредувањето на американски сили во близина на Украина, како одговор на руските закани.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико