Правдико

   

Просечната исплатена нето-плата по вработен за февруари изнесува 21.104 денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pari-korupcija_20141020112910Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, изнесува 100.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по  вработен во секторите: Други услужни дејности (8.6%), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.0%) и  Образование (4.0%). 

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.8%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка  на моторни возила и мотоцикли (8.3%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација  (7.2%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2015, изнесува 21 104 денари.

Во февруари 2015 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Партнери на Правдико