Просечната исплатена нето-плата по вработен за март изнесува 21 402 денари | Правдико

Правдико

   

Просечната исплатена нето-плата по вработен за март изнесува 21 402 денари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

29668bf6-d439-48b6-8004-0d01c1e46850-pariСпоред податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2015 година, во однос на март 2014 година, изнесува 101.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (9.4%), Други услужни дејности (7.1%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (5.5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.6%), Земјоделство, шумарство и рибарство (6.8%) и
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.2%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2015, изнесува 21 402 денари.

Во март 2015 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико