Правдико

   

Просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 21 882 денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

29668bf6-d439-48b6-8004-0d01c1e46850-pariСпоред податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата  по вработен, во август 2015 година, во однос на август 2014 година, изнесува 103.1. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.9%), Рударство и вадење на камен (7.8%) и Стручни,
научни и технички дејности (7.6%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (8.3%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.2%) и Информации и комуникации (4.4%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2015, изнесува 21 882 денари. Во август 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Партнери на Правдико