Просечната плата првпат над 23.000 денари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2017 година, изнесува 23.229 денари, што е зголемување за 4,7 отсто во однос на септември 2016 година.
Со последното зголемување просечната плата во Македонија првпат се искачи над границата од 23.000 денари.
Во ДЗС велат дека ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (32,1 отсто), преработувачка индустрија (9,8 отсто) и рударство и вадење камен (9,2 отсто).
Во септември 2017 година, 1 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.
Е.Р.
Извор: Нова Македонија