Просечната плата се зголеми на 22.808 денари | Правдико

Правдико

   

Просечната плата се зголеми на 22.808 денари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата по вработен во јуни 2017 година изнесувала 22.808 денари, што е пораст од 2,8 отсто во однос на јуни 2016 година. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (20 отсто), стручни, научни и технички дејности (9,8 отсто) и рударство и вадење камен (7,4 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: рударство и вадење на камен (7,5 отсто), градежништво (4,1 отсто) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3 отсто). Во јуни 2017 година, 1,1 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Е.Р.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико