Просечната плата во март изнесувала 22.053 денари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Просечната нето-плата по вработен, во март изнесувала 22.053 денари, а бруто-платата 32.392 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Нето-платата е зголемена за три отсто во однос на истиот месец минатата година.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности (16,8 отсто), информации и комуникации (14,6 отсто) и градежништво (12,8 отсто).
Во март, 1,3 отсто од вработените не примиле плата.
Извор: Мета