Просечната плата во месец август изнесува 22 294 денари | Правдико

Правдико

   

Просечната плата во месец август изнесува 22 294 денари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pari-denariСпоред податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2016 година, во однос на август 2015 година, изнесува 101.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (10.1%), Административни и помошни услужни дејности (6.6%) и
Преработувачка индустрија (4.3%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Информации и комуникации (3.0%), Преработувачка индустрија (2.2%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (0.9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2016, изнесува 22 294 денари.

Во август 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико