Протекоа податоци на 200 милиони Американци | Правдико

Правдико

   

Протекоа податоци на 200 милиони Американци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Чувствителни податоци за речиси 200 милиони американски граѓани случајно биле објавени од страна на маркетиншка фирма, која ја ангажираше Републиканскиот национален комитет.

Количински објавени се околу 1,1 терабајт податоци, а меѓу нив можат да се најдат датуми на раѓање, адреси, телефонски броеви, политичката определност, религиозна определба на граѓаните, етничка припадност на речиси 62 отсто од целата популација на САД.

До податоците можело да се пристапи преку „Амазон клауд сервер“, доколку поединецот имал врска со тој сајт, јавува Би-би-си.
Голема количина податоци откри аналитичарот за сајбер ризик, Крис Викери, од фирата „Ап Гард“.

Информациите се собирани на разни начини, од пораки на форумите на „Редит“ до комитетите за собирање средства за Републиканската партија.
Собраните информации се внесени во табели и ставени на сервер во сопственост на „Дип рут аналитикс“, а последен пат се ажурирани во јануари, кога претседател на САД, Доналд Трамп, е инаугуриран.
Не е познато колку време информациите биле достапни на интернет.

– Ја преземаме целата одговорност за оваа ситуација. Врз основа на информациите што ги собравме, не изгледа дека нашите системи се хакирани, изјави за вебсајтот „Гизимодо“, основачот на „Дип рут аналитикс“, Алекс Ландри.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико