Протест на границата: Автобуси полни со бегалци и деца стојат на преминот меѓу Грција и Македонија | Правдико

Правдико

   

Протест на границата: Автобуси полни со бегалци и деца стојат на преминот меѓу Грција и Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најмалку 80 автобуси со бегалци меѓу кои и многу жени и деца, стојат во Грција, во близина на границата со Македонија, поради протестите на двете страни од границата.

0ebac9facffe2dc839e6f67678151d04

Таксисти од македонска страна ја блокираа пругата кој ги поврзува двете земји, во знак на протест поради фактот што полицијата им даде приоритет на возовите и автобусите за превоз на бегалците на север во Србија на патот кон Западна Европа, јавија официјални лица.

На грчката страна протестираат земјоделците, кои паркирале десетина трактори, на патот кој води кон граничниот премин Идомени, како дел од протестите против планираните пензиски реформи.

Најмалку 80 автобуси со бегалци како резултат на тоа не може да ја поминат границата, и се заглавени во Грција, додека кампот за бегалци на границата, во која има околу 700 луѓе, е веќе полн.

Повеќе од 62.000 бегалци, повеќето од нив од Сирија, пристигнаа во јануари во Грција со бродови и чамци од Турција, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција.

Препорачуваме

Партнери на Правдико