Протест на хонорарците | Правдико

Правдико

   

Протест на хонорарците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новинари, преведувачи, актери, музичари, граѓански активисти, членови на невладини организации денеска на пладне излегуваат на протести.

timthumb

Револтирани се од законските измени со кои 35 отсто од хонорарите ќе мора да ги остават на државата, но и од грубата поделба на хонорарците – носителите на јавни функции да и платат на државата само 10 отсто од хонорарите. 

На хонорарците ќе им се приклучат организации и граѓаните кои новата мерка на Владата ја сметаат за некоректна и начин како од нивниот џеб да се покријат дупките во буџетот кои власта самата ги прави со ненаменско трошење на средства.

Вчера и студентскиот пленум соопшти дека ќе се приклучи на протестите против измените на законот за хонорари. Од Владата велат дека нема да има пролонгирање на рокот на законот за хонорарци и тој ќе стапи на сила на 1 јануари.

Поддршка за законското решение со кое се воведуваат давачки за придонеси за хонорарите, авторските договори и договори на дело, дадоа и девет гранкови синдикати од конфедерацијата на синдикати. Сметаат дека со законот ќе се реши статусот на работниците кои работат на црно.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико