Протест на Каталонците поради истрагата за референдумот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Илјадници приврзаници за независност на Каталонија протестираа поради покренување на истрага на шпанскиот суд за симболичниот референдум за отцепување од Шпанија кој регионалната влада го одржа минатата година.
Новата градоначалничка на Барселона Ада Колау, го предводеше протестот и прочита соопштение во кое даде поддршка на барањето на Каталонија да го оствари правото на самоопределување, пренесуваТанјуг.
Под истрага е сегашниот регионален претседател Артур Мас, кој треба да сведочи во четврток,.
Шпанскиот уставен суд го суспендираше референдум на 9 ноември 2014 година, но Каталонија, сепак го одржа како неофицијален.
Приближно 2,3 милиони Каталонци, од 5,4 милиони гласаа на референдум, додека 80 отсто гласале за одвојување од Шпанија.