Протест на машинскиот персонал – Сугарески најави решавање на состојбите во Македонски железници | Правдико

Правдико

   

Протест на машинскиот персонал – Сугарески најави решавање на состојбите во Македонски железници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари средба со Синдикатот на машинскиот персонал во Македонски железници, како и со генералниот директор на МЖ Транспорт АД Скопје во врска со прекинот со работа на дел од вработените во компанијата.

Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, на средбата се разговарало околу настанатата состојба со доцнење на платите, како и за другите барања на Синдикатот при МЖ Транспорт Скопје.

Министерот Сугарески изразл разбирање за настанатите ситуации во компанијата и најавил дека во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за решавање на истите, како и долгорочно решавање на состојбите во железничкиот сообраќај во Република Македонија.

Машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт ад Скопје од 7 часот изутрина не ги извршува работните обврски во знак на протест поради доцнењето на исплатата на платата и нејзино селективно зголемување на дел од вработените, изјави Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.

Вработениот бараат исплата на вториот дел од априлската плата и плата за мај, како и изготвување правилник за вреднување на работните места.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико