Протест, па судење за прегазувањето на малиот Алмир
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Денеска во Куманово ќе започне судскиот процес за случајот со малиот Алмир Алиу, а претходно ќе се одржи протест во организација на НВО „Зани“. Малиот Алмир почина на 4 годишна возраст како последица на удар со возило кое го управувал Б.И. кој претходно имал караница со роднини на починатото дете. Инцидентот се случи минатата година, на 25 јуни.
На рочиштето, освен тој, пред судот ќе се појават и трите лица обвинети за насилство, меѓу кои е и таткото на Алмир, Седат Алиу.
Од „Зени“ велат дека ќе побараат правда и правично судење за убиството на Алмир и обидот за убиство на неговите родители за кои осомничениот се соочува со казна од 10 години до доживотен затвор според Кривичнио законик на Република Македонија.
Извор: Нова Македонија