Протест пред ОЈО за поддршка на притворените
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Група граѓани денеска во знак на протест се собра пред Основното јавно обвинителство за, како што рекоа, да дадат поддршка на сите притворени лица по немилите настани во Собранието на 27 април минатиот месец.
„Тие луѓе не треба да бидат притворени бидејќи се патриоти кои 65 дена, секој ден мирно и достоинствено, излегуваа на улиците на Македонија и на градот Скопје се со цел зачувување на Република Македонија, која е држава на сите граѓани и е мултиетничка, а не држава која ќе биде двојазична и бинационална“, изјави Климент Стоилов, родител на едно од приведените лица.
Тој апелираше притворените веднаш да бидат ослободени, бидејќи, како што рече, биле испровоцирани од таканареченото мнозинство кое сега сака да ја води државата, а кое го прекршило и Уставот и Деловникот за работа на Парламентот и изгласало нелегитимен претседател.
Извор: Радио Слободна Европа