Протест пред ССМ против Митревски, полицијата не ги пушта синдикалците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Припадници на Единицата за брзо распоредување се пред влезот во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), каде од 12 часот се собраа членовите на четирите грански синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, со цел да протестираат против одлуките на разрешениот Живко Митревски.
Синдикалците кои се обидоа да влезат во зградата беа спречени во намерата, а тие тврдат дека само сакале да стигнат на своите работни места.
Синдикалците велат дека специјалците постапуваат според некоја наредба, која на нив не им ја покажуваат.
Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски ги охрабри членовите на синдикатите, сите „заеднички да се изборат, бидејќи ова е битка за синдикатот“.
„Сигурно ја знаете онаа германската: Прво дојдоа по социјалистите, но јас не се побунив, бидејќи не бев социјалист. Потоа дојдоа по синдикалците, но јас не се побунив, бидејќи не бев синдикалец. Потоа дојдоа по Евреите, но јас не се побунив, бидејќи не бев Евреин. Потоа дојдоа по мене, но не остана никој за да се побуни за мене. Е па, дојдоа по синдикалците, бидејќи синдикалците се побунија против нечии лични интереси, против ‘синдикалци’ кои синдикатот го направија приватна фирма и туристичка агенција и кои најмуваат рекетари за да ги тепаат колегите, против самовластие и криминали, против сите оние кои со неработа ‘штитат’ работници. ССМ е во приватна сопственост на Живко Митревски. Тој никогаш ниту бил, ниту ќе биде претставник на работниците. Ајде заедно да му кажеме – доста е!“, стоеше во повикот за денешниот собир пред ССМ.
Состојбите во ССМ последните денови се нејасни, откако претседателот Живко Митревски беше разрешен од должноста со гласање на претставници од гранковите синдикати-членки на Сојузот.
Централниот регистар не го впиша новото раководство на чело со в.д. претседателот Дарко Димовски. Откако беше издадено решение од министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска – Ременски, новиот министер Ибрахим Ибрахими го поништи решението, а реакции низ јавноста се проширија откако ноќта кон Бадник, во пет наутро, обезбедување од Митрески насилно влезе во просториите на синдикатот и ги избрка синдикалците кои со денови седеа во холот на зградата, а дел од нив завршија во болница.
Извор: Макфакс