Правдико

   

Протест пред Врховен: „Но Пасаран“ побара одговорност од 44 судии за корумпирани пресуди во корист на БЕГ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението за заштита на граѓанските права „Но Пасаран“ денеска пред Врховниот суд во Скопје одржа мирен протест против, како што велат, криминалното и корумпирано судство.

Пред судот јавно беа прочитани имињата на 44 судии од Основен суд 2 и Апелациониот суд за кои од здружението сметаат дека спротивно на Законот воделе судски постапки и носеле решенија со кои ги оштетиле граѓаните.

Активистите од „Но Пасаран“ на денешниот 180-ти протест побараа оставки од одговорните лица и прием за разговор во Врховниот суд за одлуките на Апелациониот суд и Основниот суд 2 за случаите со граѓаните кои се откажале од парно греење, а се уште им пристигаат сметки за плаќање. Околу 40 илјади граѓани во Скопје се засеганти со овој проблем, а нивните предмети за кои имаат поднесено жалба со години се заглавени во судските лавиринти.

„БЕГ терети граѓани неосновано и незакониски, без материјална и формална исполнетост на услови за учество во правниот, трговскиот и финансискиот промет во Република Македонија преку нотари кои прифатиле да донесат Решение со кое се дозволува извршување врз основна на „наводна“ веродојстојна исправа“, велат од здружението.

Оттаму тврдат дека дел од судиите во прв степен носат пресуди во корист на граѓаните, но истите е невозможно да поминат пред Апелациониот суд бидејќи, според нив, истиот ги преиначува првостепените пресуди или пак ги потврдува пресудите кои се во корист на БЕГ иако не е исполнет ниту еден услов за такво нешто.

„Недозволиво е да се носат пресуди против граѓаните врз основа на одредба која не е во правниот промет, член 66 од Правила за снабдување со топлинска енергија на Регулаторна комисија за енергетика за што во три наврати во 2013, 2016 и 2017 година Уставниот суд на РМ во своите решенија за одбивање на иницијатива на подносителите за укинување на овој член во образложенијата јасно навел дека не покренува иницијатива бидејќи членот не е во правниот поредок на Република Македонија од 01.10.2012 година, а БЕГ е формиран подоцно, односно на 31.12.2012 година и врз основа на член 53 од истиот правилник, не смее да се употребува ретроактивно“, велат од „Но Пасаран“.

Тројца претставници од здружението денеска ќе бидат примени од страна на претседателството на судот пред кои ќе ги образложат проблемите и ќе се обидат да најдат заеднички јазик за решавање на ситуацијата со која се борат веќе неколку години.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико