Протест за случајот „Монструм“, блокада од Чаир до ОЈО | Правдико

Правдико

   

Протест за случајот „Монструм“, блокада од Чаир до ОЈО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“, за денеска во 13.30 часот најавија протест во Скопје, откако во завршните зборови на последното судско рочиште за случајот, Основното јавно овинителство (ОЈО) побара највиски казни за нив поради петкратното убиство кај Смилковското езеро.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, обвинети се Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани. Во претходното судење петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток. Кај Смилковското Езеро беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и Борче Стефановски.

Според полицијата, протестот е закажан со почеток во 13.30 часот, и ќе почне од парк Чаир и ќе продолжи со протестен марш по улицата „Цветан Димов“, па по булеварот „Крсте Мисирков“, по булеварот „Гоце Делчев“ и потоа, заедно со група која што ќе се собира пред „Скендер бег“, ќе се упати по улицата „Филип Втори Македонски“ до Oсновното јавно обвинителство. Според пријавеното, протестот ќе трае три часа.

„Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. Затворени за сообраќај од 13:00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, улицата „.Џон Кенеди“, улицата „Цветан Димов“, булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори Македонски“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико