Протести во Барселона, се бара ослободување на двајца сепаратистички лидери | Правдико

Правдико

   

Протести во Барселона, се бара ослободување на двајца сепаратистички лидери

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Каталонската влада ја осуди одлуката за продолжување на притворот на двајцата влијателни сепаратастички лидери како акт на провокација на шпанската држава.

„Државата игра на картата на провокација, но луѓето нема да паднат на таа провокација“, рекол портпаролот на каталонската влада, Хорди Туруљ.

Во меѓувреме на улиците во Барселона почнале да се собираат демонстранти кои бараат ослободување на двајцата лидери. Илјадници приврзаници на независна Каталонија носат транспренти „Слобода за политичките затвореници“.

Двајцата лидери се во притвор под обвинение за предизвикување бунт. Според обвинителството, претседателот на организацијата „Асемблеа насионал Каталана“ (Assemblea Nacional Catalana), Хорди Санчез, и претседателот на здружението „Омнијум култура“ (Òmnium Cultural) Хорди Киуксарт, биле главни организатори на референдумот за независност на Каталонија.

Тие се обвинети за поттикнување стотици демонстранти да ја блокираат полицијата додека вршела рации во канцелариите на регионалната влада непосредно пред референдумот одржан на 1октомври.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико