Протести во Минхен против Самитот Г7
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Околу 23.000 лица вчера се собраа во Минхен на протест против одржувањето на самитот на шефови на држави и на влади на Групата седум најразвиени земји (Г7), закажан за 7 и за 8 јуни на југот на Германија, соопшти германската полиција.
Организаторите на собирот се симпатизери на германската партија на Зелените, а демонстрантите носеле голем транспарент на кој било испишано „Спасете ја климата и борете се против сиромаштијата“.
Самитот на Г7, кој го сочинуваат Велика Британија, Франција, Канада, Германија, Италија, Јапонија и САД, ќе биде одржан во замокот Елмау, на 100 километри од Минхен.
Извор: Мета.мк