Протести во Молдавија за исчезнување на скоро милијарда долари | Правдико

Правдико

   

Протести во Молдавија за исчезнување на скоро милијарда долари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Околу 10.000 демонстранти во неделата во центарот на Кишињев протестираа против исчезнувањето на неколку милијарди долари од три банки во најсиромашната земја во Европа.

Chisinau_riot_2009-04-07_23

Во почетокот на април, Централната банка на Молдавија откри дека три банки, кои претставуваат една третина од средствата на банките во земјата, давале кредити во вредност од милијарда долари (890.000.000 €), кои сочинуваат 15 отсто од БДП на земјата.

Не се откриени лицата кои ги подигнале овие кредити и се чини дека парите се едноставно украдени.

Дел од парите завршија во руските банки

Според извештајот на парламентарната комисија кој излезе во медиумите, парите веројатно биле префрлени во четири руски банки.

Поради овај финансискиот скандал на улиците на главниот град, во неделата вечер излегоа 10.000 Молдавците извикувајќи слогани против корупцијата и барајќи оставка од јавниот обвинител, Врховниот суд и неколку водечки политичари кои ги сметаат за одговорни за скандалот.

Истрагата беше покрената во април

Јавен обвинител во април започна истрага. Досега две лица, на кои идентитетот не е објавен, се уапсени.

Владата за помош се обрати до специјалната америчка ревизорска куќа Крол.

Препорачуваме

Партнери на Правдико