Протести во Шведска против ослободителната пресуда за возач од Македонија | Правдико

Правдико

   

Протести во Шведска против ослободителната пресуда за возач од Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

kamioni8_5Незадоволни шведски возачи од денеска секој ден до Божик ќе ги паркираат своите камиони по 15 минути на страничната лента на автопатиштата, изразувајќи на таков начин протест против ослободителната пресуда за возач од Македонија во Општинскиот суд во Сундсвал, јавува МИА.

Во средата Општинскиот суд во Сундсвал изрече ослободителна пресуда за еден 44-годишен македонски возач на тешки товарни возила, кој во октомври годинава беше уапсен со фалсификувана бугарска возачка дозвола и фалсивикувана бугарска патна исправа.

Преку 100 лица имаат поднесено жалба против пресудата, а околу 4.200 возачи досега се потпишале на протестното писмо кое под наслов „Еднакви услови за шведските транспортни претпријатија“ е испратено до надлежните институции.

Се бараат еднакви услови и правила за сите кои возат во Шведска, независно од државјанството на возачите.

Полицијата утврдила дека матичните броеви во документите на уапсениот македонски возач припаѓаат на различни лица, а едновремено не постои бугарски државјанин со името и датумот на раѓање на македонскиот возач.

При сослушувањето 44-годишниот возач од Македонија навел дека поседува важечка македонска дозвола за управување со тешки товарни возила, но дека ја предал кај надлежниот орган при добивањето на бугарски документи.

Возачот кај себе имал и дозвола за транспорт на опасни стоки издадена од институција во Македонија.

Освен бугарски документи, возачот имал и македонски пасош кај себе, кој бил користен за влез во Шведска. Тој работел за транспортна фирма регистрирана во јужна Шведска и во моментот кога бил запрен од полицијата возел камион со шведски регистарски таблички.
Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико