Протести во Украина заради договорот со ЕУ | Правдико

Правдико

   

Протести во Украина заради договорот со ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

imageukrainaДемонстрациите се резултат на одлуката на кабинетот да не го потпише трговскиот договор, и наместо тоа оди со Русија

Полицијата во Украина употреби солзавец на про-европските протестанти кои втор ден демонстрираат против одлуката да не потпише важен трговски договор со Европската унија.

Помали судири се случија во понеделникот во централен Киев во врска со неочекуваниот потег на кабинетот минатата недела дека владата се повлекува од договорот со ЕУ и наместо тоа се фокусира на трговски врски со Русија.

Неколку стотини лица маршираа низ градот втор ден  повикувајќи го претседателот Виктор Јанукович да го потпише договорот. Во неделата, десетици илјади лица излегоа во главниот град во еден од најголемите  протести по Портокаловата револуција пред девет години.

Договорот со ЕУ требаше да биде потпишан неделава на самитот на Источното партнерство на ЕУ, во Вилниус, Литванија.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо во понеделник го критикуваше рускиот притисок во врска со договорот, и кажа дека понудата на ЕУ останува на маса.

Русија се обвинува за вршење политички и економски притисок  вклучувајќи закани за украинските нафтени резерви.

Извор: Глас на Америка

Партнери на Правдико