Против 14 лица во Скопје поведена постапка за непочитување здравствени прописи | Правдико

Правдико

   

Против 14 лица во Скопје поведена постапка за непочитување здравствени прописи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје против 14 лица поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите без дозвола се движеле за време на важечки полициски час со што не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

За обвинетите е предложена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Препорачуваме

Партнери на Правдико