Протокол со мерки за работа на скијачките центри | Правдико

Правдико

   

Протокол со мерки за работа на скијачките центри

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ПРОТОКОЛ
СО МЕРКИ ЗА РАБОТА НА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ
ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

1. Работење на Скијачкиот Центар

Задолжително растојание помеѓу посетителите од два метри во редот пред качување на жичарницата и ски лифтови. Посетителите задолжително е да носат лична заштитна опрема – маски при возење на жичарницата и ски лифтовите.

Задолжително е присуство на редари кои ќе се грижат за одржување редот,дисциллината и растојанието меѓу посететителите и носењето на лична заштитна опрема – маски пред качување на жичарницата и ски лифтовите.

Ски центарот ќе врши редовна дезифенкција на жичарницата и ски лифтовите.

Пред секоја жичарница, ски лифт, билетара и пред секое бачило да биде поставен пулт за дезинфенција ка раце.

Задолжително е носење на лична заштитна опрема – маски на вработените во Скијачкиот центар.

2. Купување на Ски Карта

Посетителите имаат можност за купување ски карта со опција за онлајн надополнување.

Помеѓу вработениот на билетарата и посетителот мора да има физичка бариера со отвор за купување на ски картата.

При купување на ски карта, задолжително е носење на лична заштитна опрема – маска.

Задолжително е присуство на редари кои ќе се грижат за одржување на редот, дисциплината и растојанието меѓу посететителите и носењето лична заштитна опрема – маски при чекање ред на билетара.

3. Ски школа и изнајмување на ски опрема

Закажувањето на ски инструктор или изнајмувањење на ски опрема се врши онлајн или телефонски (од далечина).

Ски инструкторите може да држат часови (обуки) во група од најмногу до четири лица.

Цосле секое користење на ски опрема, задолжително се врши редовна дезинфекција на истата.

4. Работење на бачилата

Работата на бачилата се ограничува, односно може да работат само на отворен простор.

При работа на бачилата, дозволена е само шалтерска продажба, со прибор за еднократна употреба.

5. Ски превоз

Превозот во скијачкиот центар се одвува согласно согласно препораките и протоколите за вршење на јавен превоз.

Мерките и препораките од овој протокол се поставени на видливи места во Скијачкиот центар, а сите посетители при купување на ски карта или користење на услуги во Скијачкиот центар, задолжително ги добиваат истите.

Препорачуваме

Партнери на Правдико