Протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија од Ковид-19 | Правдико

Правдико

   

Протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија од Ковид-19

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

 

 ПРОТОКОЛ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НАСТАНИ СО МЕДИУМСКО ПРИСУСТВО
ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУС

 

Овој протокол го уредува медиумското присуство на јавни настани, односно обврските кои организаторот треба да ги преземе за да обезбеди безбедна и непречена работа на медиумските работници а воедно и на сите присутни.

Истиот содржи два дела, општи генерални насоки кои се однесуваат на сите јавни настани на кои  организаторот предвидува медиумско присуство и посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции, односно на истите има присуство на владини претставници.

Општи генерални насоки кои се однесуваат на сите јавни настани на кои организаторот предвидува медиумско присуство:

1. Настаните за кои е предвидено медиумско присуство е препорачано да се одржуваат на отворен простор, доколку временските и просторните услови го дозволуваат тоа, според следните мерки:

– сите присутни задолжително и постојано носат заштитни маски;

– се обезбедува озвучување со шахти за звук, за да се избегне преземање на звук од микрофоните на медиумските работници, со цел да се заштитат присутните од групирање;

– се обезбедуваат два засебни микрофони, едниот се поставува пред говорникот, додека вториот е за медиумските работници кои поставуваат прашања;

– микрофоните се дезинфицираат пред и после завршувањето на настанот, односно при промена на говорник. Дезинфекцијата се врши преку чистење со ткаенина и изопропил алкохол, или спреј пумпица со изопропил алхолол која се прска на соодветна далечина која нема да предизвика проблем со електрониката. Доколку има лице задолжено за управување со микрофонот, задолжително мора да носи заштитни ракавици. Во спротивно, дезинфекцијата се врши посла секој физички допир од страна на било кое лице.

– помеѓу присутните се обезбедува најголемо возможно растојание (најмалку два метри) и истовремено помеѓу новинарите и скимателите, но и истовремено помеѓу новинарите, сниманителите и говорниците се уредува проосторот на начин на кој нема групирање и не се нарушува потребното растојание;

– доколку не постојат технички услови за озвучување, микрофоните на новинарите се поставуваат на едно место (постолје, говорница, маса) раздвоени физички од медиумските работници, со задолжено лице да ги дезинфицира пред и после говорењето ка говорникот;

– доколку настанот е теренски и се одржува во услови кои не дозволуваат ниеден од горенаведените услови, се запазуваат основните мерки: задолжително носење на заштитни маски и обезбедување на растојанието кое условите го дозволуваат (најмалку два метри), како и преземање на микрофоните на медиумски работници од едно лице кое е назначено за таа улога и нивно поставување на ллатформа од страна на истото лице, со цел да се обезбеди растојание и да се попречи групирање;

– секогаш кога тоа е возможно, се обезбедуваат столчиња за новинарите, за поефективно да се одржува потребното растојание.

2. Доколку временските и просторни услови не дозволуваат кастани со медиумско присуство на отворен простор, истите да се одржуваат преку дигитални алатки за вклучување во живо:

– организаторот е должен да спроведе техничка проверка половина час пред одржувањето на настанот за да обезбеди функционална врска за медиумските работници.

3. Доколку не постојат технички услови за одржување на настани со медиумско присуство преку дигитални алатки за вклучување на новинарите во живо, истите се одржуваат во затворен простор со запазување на следните мерки:

– се препорачува на медиумските работници да преземат видео материјал од една камера за да се преполови бројот на присутни во просторијата;

– сите присутни задолжително и постојано носат заштитни маски;

– просторијата да располага со големина која обезбедува растојание од два метри ломеѓу медиумските работници;

– просторијата да се проветрува и дезинфицира после секој настан;

– просторијата да се проветрува за времетрање на настанот. Настани во простории во кои нема услови да се проветруваат да не се одржуваат;

– се обезбедува озвучување со шахти за звук, за да се избегне преземање на звук од микрофоните на медиумските работници со цел да се заштитат присутните од срупирање;

– се обезбедуваат два засебни микрофони, едниот се поставува пред говорникот, додека вториот е за медиумските работници кои поставуваат прашања;

– микрофоните се дезинфицираат пред и после завршувањето на настанот, односно помеѓу два говорници. Дезинфекцијата се врши преку чистење со ткаенина и изопропил алкохол, или спреј пумпица со изопропил алхолол која се прска на соодветна далечина која нема да предизвика проблем со електрониката. Доколку има лице задолжено за управување со микрофонот, задолжително мора да носи заштитни ракавици. Во спротивно, дезинфекцијата се врши после секој физички допир од страна на кое било лице;

– помеѓу присутните се обезбедува растојаниие од најмалку два метри, додека помеѓу новинарите и снимателите се уредува просторот на начин на кој нема групирање и не се нарушува соодветното растојание;

– доколку не постојат технички услови за озвучување, микрофоните на новинарите се поставуваат на едно место (постолје, говорница, маса) раздвоени физички од медиумските работници, со задолжено лице да ги дезинфицира пред и после говорењето на говорникот;

– секогаш кога тоа е возможно, се обезбедуваат столчиња за новинарите, за поефективно да се одржува соодветиото растојание;

– за настаните за медиумските работници кои се организираат во затворен простор, препораката е да не траат подолго од триесет (320) минути, при што доколку настанот предвидува новинарски прашања, кајмалку половина од времето да биде предвидено за нив.

4. Во самата најава до медиуми, се наведуваат сите услови во кои се одржува настанот како и соодветно време на пристигнување кое овозможува медиумските работници да поминат соодветни проверки и мерки за заштита од Коронавирус, без доцнење на почетокот на настанот.

5. За сите видови на настани, организаторот е должек да обезбеди лична заштитна опрема, односно заштитни маски и дезинфициенс, со задолжителна нивна употреба пред влез на настанот.

6. За сите видови на настани, организаторот задолжително обезбедува лице кога мери телесна температура. Според препораки на Комисијата за заразни болести, секое лице кое има телесна температура над 37.2 се остава на почек. После изминување ка 510 минути се врши повторко мерење. Доколку по втор пат
телесната температура на медиумскиот работник е над 37.2, обезбедувањето оневозможува влез на настанот.

Посебен дел кој се однесува на настани кон се во организација на владини институции, односно на истите има присуство на владини претставници:

7. На снимателите и фоторепортерите им се препорачува да преземат видео-материјал и фотографии од организаторот на настанот, а со цел да се намали бројот на присутни и да се заштитат присутните од групирање ка поголема група на луѓе на ограничен простор;

– доколку физичките и просторните услови не дозволуваат целосно запазување на мерките за заштита, на новинарите и снимателите им се овозможува пренос на настанот во живо;

– доколку не постојат технички услови за пренос на настанот во живо, на новинарите и снимателите им се овозможуваат опции кои ќе го намалат бројот на физичко присуство и изложеност, и тоа:

а. можност новинарите (сите, или оние кои ќе изберат) да ги постават прашањата преку портпарол или лице задолжено за однсеи со јавност, кои најпрецизно и буквално ќе ги постават прашањата до говорниците во име на новинарите;

6. Во исклучителни ситуации кога условите не дозволуваат да се организира настан во живо или преку дигитални алатки, новинарите имаат можност да ги постават прашањата по електронски пат преку портпарол или лице задолжено за односи со јавност, кои најпрецизно и буквално ќе ги постават прашањата до
говорниците во име на новинарите.

в. Доколку во ислучителна ситуација, нема можност за обезбедување на снимка или пренос во живо, прашањата поставени по електронски пат, добиваат одговор на писмено од официјална мејл адреса на институцијата која го организира настанот. Одговорот на писмено кон медиумот треба да се испрати во најбрз можен рок после завршување на настанот, во текот на истиот ден. Исклучок од овој рок се одговорите за кои е потребен подолг процес на собирање податоци од повеќе институции, за што медиумот треба да биде веднаш известен, а одговорот треба да се испрати во рок од три дена вклучувајќи го и денот кога е поставено прашањето.

Препорачуваме

Партнери на Правдико