Протоколот за НАТО денеска и утре ќе го ратификуваат Романија и Литванија | Правдико

Правдико

   

Протоколот за НАТО денеска и утре ќе го ратификуваат Романија и Литванија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од вчера престојува на работна посета во Романија, каде што за денеска е закажан  чинот на ратификација на протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Сенатот на Романија.

Утре, Џафери ќе престојува во Литванија, каде што исто се очекува ратификување на протоколот за НАТО.

Претседателот на Собранието ќе има кратко обраќање пред пратениците во Сенатот на Романија и пред пратениците во Сејмот на Литванија. Од Сејмот ќе биде овозможен директен пренос на Собранискиот канал. Во рамките на овие работни посети Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико