Процесот „Диво насеље“ продолжува со сослушување заштитени сведоци | Правдико

Правдико

   

Процесот „Диво насеље“ продолжува со сослушување заштитени сведоци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Процесот „Диво насеље“, за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај минатата година, продолжува и денеска во Кривичниот суд.

138069

Пред Судот сведочат заштитени сведоци, полициски службеници кои учествувале во вооружените дејствија во кумановската Диво насеље.

За сведочењата на заштитените сведоци, Судот го затвори судењето за јавноста. Судењето повторно ќе биде отворено за јавноста по завршување на сослушувањето на заштитените сведоци.

Претходно во Судот беа читани исказите на сведоците кои веќе беа дадени на главната расправа за предметот „Дива Населба“, пред да биде споен со предметот „Молња“ за обвинетите за логистичка поддршка на кумановската група.

Минатата недела од Косово беше екстрадиран уште еден обвинет од таканаречената „кумановска група“, Сулејман Османи. Тој треба да седне на обвинителна клупа заедно со останатите 37 обвинети од двата предмети што сега се водат како единствен предмет.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико