Процесот на болничарот од Аушвиц мора да се повтори од почеток
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германското правосудство одлучи во четвртокот да го прекине процесот против 96-годишниот Хуберт Зафке, поранешен болничар во злогласниот нацистички концентрационен логор Аушвиц и тој ќе мора да се води од самиот почеток.
„Сослушувањето предвидено за 10-ти октомври нема да се одржи. Процесот мора да се повтори и да тргне од почетокот, невозможно е да се каже кога“, изјави портпаролот на судов во Ноебранденбург.
Процесот запна по неколкуте барања на добраната за изземање на судиите.
Поранешниот припадник на СС единиците е обвинет дека соработувал во погубувањето на најмалку 3.681 Евреин кои се убиени со гас во Аушвиц во периодот меѓу 15-и август и 14-ти септември 1944 година.
Од почетокот на процесот на 29-ти февруари годинава, воопшто не се разгледуваше содржината на обвинението, а сослушувањата се сведуваа на процедурално натпреварување на експертите за здравјето на обвинението, како и на барањата за изземање на судиите.
Хуберт Зафке е четвртиот обвинет во последниот бран од доцните процеси против нацистичките злосторници, по Џон Демјанјук од 2011 година, Оскар Гронинг од 2015 година и Рејнхолд Ханинг од мај 2016 година, и сите тие се осудени.
Извор: Макфакс